Според статистиките на НБА, најдобар тројкаш според процентуална ефикасност во НБА во досегашната историја е Реј Ален.

Погледнете ја компилацијата од постигнати тројки на најдобрите 10 шутери на тројки ама овој пат според гласачите и љубителите на НБА кошарката.

10. Стеф Кари – 1.871 погодени тројки на 581 натпревар. Успешност на шут 43,8% во кариерата.
9. Џо Џонсон – 1.903 тројки уфрлени на 1.203 средби со 37.3% успешност.
8. Џејсон Кид – 1.988 тројки на 1.391 меч со процент на успешност во кариерата 34,9%.
7. Винс Картер – 2.013 тројки на 1.327 меча со успешност од 37,3% во кариерата.
6. Џамал Крафорд – 2.014 тројки на 1.160 средби со процент на успешност во кариерата од 34,9%.
5. Кајл Корвер – 2.018 тројки на 1.019 натпревари со процент на успешност во кариерата 43,1%.
4. Пол Пирс – 2.138 тројки на 1.331 меч со процент на успешност во кариерата 36,9%.
3. Џејсон Тери – 2.217 тројки на 1.336 натпревари со процент на успешност во кариерата 38%.
2. Реџи Милер – 2.560 тројки на 1.389 натпревари со процент на погоден шут 39,5% во кариерата.
1. Реј Ален – 2.973 тројки на точно 1.300 натпревари во НБА со процент на успешност дури 40% во кариерата.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа