Светската кошаркарска федерација FIBA изрече казна на сметка на репрезентацијата на Косово, поради непримерното однесување на домашните навивачи.

Имено, на мечот против Македонија, кој беше прва победа во нивната историја, на стартот се слушаа свирежи додека свиреше македонската химна. Се очекуваше драстична казна поради ваквиот гест на косовските фанови, а ФИБА одново разочара и им додели казна од симболични 1.000 евра.

Оваа сабота, нашата земја ќе биде домаќин на Косово во реваншот од претквалификациите за Светското првенство.

Првиот меч пред една недела заврши во полза на косовските репрезентативци со 72-68.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа