Македонскиот кошаркар Перо Антиќ се пресели од Фенербахче во Црвена Звезда, а неговото преминување од Турција во Србија на интересен начин го најави менаџерот Мишко Ражњатовиќ.

Човекот кој е еден од најмоќните луѓе во кошаркарскиот свет, на својот „Твитер“ профил често става интересни „ребус“ најави за новите трансфери. Така беше и за оној на Перо Антиќ, кошаркар на кој тој е воедно и претставник.

- Шетајќи се низ Калемегдан во мракот, здогледав еден клукајдрвец во куќичка на дрво. Некако ми изгледа познато, како веќе да сум го видел тука пред многу години - гласи преводот на текстот на Ражњатовиќ.

Фановите во коментари се обидуваа да погодат за кого се работи, но ниту еден не успеа да го даде точниот одговор, пред да се појави информацијата низ медиумите за Антиќ. Крилниот центар се враќа во Црвена Звезда по десет години.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа