Од вчера Перо Антиќ е во Белград, стави потпис на договорот со Црвена Звезда и за клупската веб страница првпат говореше за јавноста.

Македонецот откри според кои мотиви се водеше за потписот со еден од неговите омилени клубови.

- Од Фенербахче го бараа најсоодветното решение за мене, имав загарантиран договор, но морав да бирам дали да уживам во побогат договор или да играм и да бидам среќен на друго место. Штом се појави Црвена звезда, не размислував ниту една секунда. Можев да имам подобар договор во Евролигата, а имав и понуда да играм за пет пати повисока плата во Кина. Но, сакав да играм за Црвена Звезда и да не сум финансиски терет за мојот клуб, бидејќи Фенер плаќа голем дел од договорот и во Србија не завземам место како странец - вели Антиќ.

Македонскиот интернационалец ќе биде претставен пред јавноста како нов член на АБА-шампионот и наскоро во подготовките ќе го одигра првиот контролен натпревар за новиот клуб. Сезонава во регионалното натпреварување, Антиќ ќе гостува и во Скопје во дуелот против МЗТ Скопје.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа