Крилниот центар на Црвена Звезда, Перо Антиќ, влезе во „војна“ со навивач на клубот на социјалната мрежа „Твитер“, откако доби непотребна провокација на своја адреса.

Имено, македонскиот интернационалец беше прозван од одреден „Инкогнито“, навивач на белграѓани, кој на социјалната мрежа запраша - „Што правеше Перо Антиќ цело лето, кога не е подготвен да одигра ниту минута против оние павијани (мајмуни) од АБА-лигата?“.

Антиќ не остана нем, па веднаш му одговори:

- Нешто што ти не би издржал ни минута!

antic

Коментарот на македонскиот кошаркар кој на социјалните мрежи го носи псевдонимот „Чичко Стоилко“ доби голема поддршка и стана вистински хит на интернет.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа