Црвена Звезда со минимален пораз влезе во стартот на новата сезона во Евролигата, а по мечот со Жалгирис, српските новинари излегоа со првичните анализи за „новиот“ ростер на тимот.

Очекувано големи пофалби доби нашиот Перо Антиќ кој српски „Моцартспорт“ го најави како џокерот на тимот оваа сезона.

- Ако судиме по првиот меч, Перо Антиќ ќе биде џокер. Идеа е тој да има свои 20 минути во Евролигата, во АБА да не се троши многу, но пред се да биде искуство и да ги повлече младите играчи. Нешто што и го правеше. Некако тој на сите им доаѓа како „татко“ сите се огледуваат на него, го почитуваат, ги слушаат неговите зборови. Тој на тоа им возвраќа со бодрење, но богами и со 17 поени во Евролигата.

- Перо пред се има допринос со шутот (3/5 за три и 4/6 од линијата за слободни фрлања). Тој шутира со “фрлање“ на назад, чуениот стил на Дирк Новицки, пробува преку раката на чуварот, што е вистинско задоволство за гледачите - пишува „Моцартспорт“.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа