Актуелниот шампион во NBA лигата, Голден Стејт имаше убедлива предност во последните неколку минути од гостувањето кај Далас, па тренерот Стив Кер одлучи да го одмори стартерите и да им даде шанса на резервните играчи.

Тоа максимално го искористи Џордан Бел, новодојденецот во дресот на Вориорси, кој ја изненади присутната публика и своите соиграчи со цепелинот од табла, кој што самиот си го направи. Акцијата заврши со негово атрактивно забивање и дополнително слободно фрлање.

Овој потег потсетува на оние на Трејси МекГрејди во најдобрите времиња од својата кариера, кога често знаеше да ја користи оваа атрактивна акција.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа