Vip

Екипата на Црвена Звезда е засилена со нов талент, Дејан Давидовац, 22-годишниот кошаркар кој блеска на изминатите средби и кој иако млад, е еден од лидерите на тимот.

Младиот ас кој е роден во 1995 година блесна на последниот меч против Игокеа во АБА-лигата, а предходно имаше свое шоу и во Евролигата, против Басконија. Давидовац игра перфектно, а вели дека за тоа голем удел има нашиот кошаркар Перо Антиќ.

- Добро се снаоѓам на паркетот. Имам фантастични соиграчи кои ми помагаат и ги прават задачите да изгледаат полесно. Перо Антиќ е еден од кошаркарите со најголемо искуство. Во тимот има 11 нови кошаркари. Секој совет од нив многу ми значи. Најмногу ги паметам советите на Перо Антиќ, тој навистина сака да дели и да помага - вели Давидовац за српските медиуми.

Црвена Звезда го брани тронот во регионалната АБА-лига, додека во Евролигата се игра без притисок. Тимот во елитата има три победи и се наоѓа во долниот дел на табелата.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila