- Македонија е одличен тим и не дојде до ова полуфинале со среќа. Па, малку размислете, двата натпревари што ги загубија, тие ги загубија несреќно, против Црна Гора и против Русија. Сите други натпревари на ова Европско првенство ги победија. Знаете ли што значи да го елиминирате домаќинот уште во четвртфиналната фаза, изјави Пау Гасол за шпанските медиуми.
Најголемата опасност доаѓа од Лестер Бо МекКејлеб, но хомогеноста, пожртвуваноста и желбата за голем резултат се главната сила на Македонија, изјавува Пау.
- МекКејлеб е нивниот двигател, но не е и единствен што умее да игра. Тука се и Илиевски и Антиќ, кои сочинуваат одлично трио со Мекејлеб, а има уште неколку навистина добри кошаркари. Но, нивната главна моќ, ми се чини, дека е во заедништвото, порача центарот на ЛА Лејкерс.
Да им покажеме на нашите момци дека нашите срца се со нив во Литванија!
1. Кликни "Like" и стани фан на оваа страна.
2. Кликни "Share" и сподели ја страната на твојот ѕид.
