2010-abu-dhabi-f1Патеката „Yas Marinа“ во Абу Даби ќе биде местото каде ќе биде промовиран шампионот во F1 за 2010 година. Прв пат во историјата дури четворица возачи имаат шанса да ја освојат титулата во последната трка од сезоната. Тоа се Фернандо Алонсо, Марк Вебер, Себастиан Фетел и Луис Хамилтон. Спектакуларната патека е спремна а организаторот објави дека сите 50.000 карти се распродадени, што значи дека овој викенд во Обединетите Арапски Емирати ќе има вистинско шоу од глобални размери.

За врвот најмногу шанси има Алонсо кој во моментов има 246 бодови, по него следи Вебер со 238, па Фетел со 231 и Хамилтон со 222. Математика има многу, но крајниот резултат ќе го видиме на 14. ноември.

Последната трка во Бразил го елиминираше од борбата Џенсон Батон кој има вкупно 199 бодови откако заврши само петти на Интерлагос. Првите четири позиции ги зазедоа токму оние кои се борат за титулата. Прв беше Фетел, втор Вебер, трет Алонсо а четврт Хамилтон. Во текот на оваа сезона, во вкупно 18 трки победуваа 5 различни возачи од три тима, а водството се менуваше неверојатни 9 пати во вкупниот поредок. Абу Даби ќе биде кулминација на возбудливата сезона. Затоа, еве една мини галерија од Интерлагос, Сао Пауло, Бразил, то ест последната извозена трка.

2010-Brazilian-Grand-Prix-22010-Brazilian-Grand-Prix-112010-Brazilian-Grand-Prix-102010-Brazilian-Grand-Prix-72010-Brazilian-Grand-Prix-82010-brazil-f1-22010-Brazilian-Grand-Prix-92010-Brazilian-Grand-Prix-52010-Brazilian-Grand-Prix-12010-brazil-f1-12010-Brazilian-Grand-Prix-42010-Brazilian-Grand-Prix-62010-Brazilian-Grand-Prix-32010-Brazilian-Grand-Prix-12

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа