Германецот Себастијан Фетел со победата во Абу Даби стана најмладиот возач кој воопшто ја освоил титулата во Формула 1. Најсериозниот кандидат, Алонсо, беше жртва на погрешната тактика на Ферари. 

fetel1

Нерационалиот потег на спортскиот менаџмент на Ферари го чинеше нивниот возач Фернандо Алонсо негов трет триумф во Ф1 шампионатот.

Себастијан Фетел од Ред Бул трката во Абу Даби ја почна од пол-позицијата и веќе по првите десет кругови беше јасно дека никој нема да може да го следи. Но, иако стартуваше како трет, Алонсо веднаш падна за едно место. Тој како четврти беше мирен и сигурен како нов шампион, посебно со оглед на тоа дека неговиот најголем конкурент Марк Вебер од Ред Бул беше зад него, на петтото место.

Сепак, Ферари се исплаши од раното влегување на Вебер во боксот и преминот на тврди гуми и пред 20. круг одлучија да го повикаат и Алонсо во боксот, како и тој би добил исти, тврди гуми. Планот беше тој на патеката да излезе пред Вебер, но Шпанецот се најде во голема гужва на патеката по која не успеа да се снајде и во наредните 45. кругови не се извлече од незгодната ситуација.

На крајот, тој беше само седми, а можеше да стигне до титулата и како четврти.
Така, Фетел, кој оваа сезона имаше најмногу пол-позиции (десет) доминираше и стана 32. светски шампион.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа