Себастиен Фетел веќе има две победи во низа оваа сезона откако денес победи на гранпри трката во Малезија.Фетел делува прилично неприкосновен, откако вчера ја доби и пол позицијата, а денес практично во ниту еден момент не дозволи некој да има шанса. Импресивен е и податокот дека низата на Себастиен трае уште од минатата сезона кога стана шампион.
На второто место се пласираше Џенсон Батон со својот Мекларен којшто се обиде да го стори невозможното бркајќи го Фетел, па возеше 19 кругови со пневматиците на Пирели иако никој претходно не можеше повеќе од 16. Трет заврши Ник Хајдфилд од Рено.

