canadian-grand-prix-2011-04Вчерашната Ф1 трка што се возеше во Монтреал за големата награда на Канада ќе биде запишана како една од најспектакуларните трки во историјата на Формула 1 спортот. Победникот на трката, Џенсон Батон, ја извозе најдобрата трка во својот живот.

Батон на почетокот доживеа два судари. Со својот тимски колега Луис Хамилтон како и со Фернандо Алонсо. Мораше да одработи и казна од 10 секунди во боксот, а кога се врати на патеката според многумина требаше да биде среќен ако освои барем бод.

Сепак, Батон до крајот на трката направи спектакуларен пробив до втората позиција, за во последниот круг да се залепи за лидерот на трката, Себастиан Фетел, којшто не беше загрозен од ниту еден конкурент цели 70 кругови, то ест до самиот крај. Во последниот круг се забележа на два пати како Фетел се обидува да остане сконцентриран и да биде побрз од возачот на Мекларен, но болидот за малку ќе ја изгубеше контролата.

canadian-grand-prix-2011-06

Буквално на неколку своици до крајот, Фетел излета сосема доволно за Батон да го преземе водството и да победи. Она коешто го видовме на трката во Канада ќе биде запишано како вистински спектакл. Трет заврши Вебер, а по него следуваа Шумахер, Петроф, Маса итн.

canadian-grand-prix-2011-01

В.Н | бркајработа

Вчерашната Ф1 трка што се возеше во Монтреал за големата награда на Канада ќе биде запишана како една од најспектакуларните трки во историјата на Формула 1 спортот. Победникот на трката, Џенсон Батон, ја извозе најдобрата трка во својот живот.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа