Прекрасна трка ова попладне се извозе во Силверстон за големата награда на Велика Британија. Победи Фернандо Алонсо со импресивна разлика пред конкурентите.

alonso-win-silverstone

Со тоа, Шпанецот и ја донесе првата победа на Ферари годинава што воедно е прва победа и за него лично. Уште нa првото влегување во боксот, тој успеа да ги помине двата Редбул болиди коишто ги имаа пол позициите и потоа само го зголемуваше водството до крајот.

Во завршните десетина кругови беше исклучително интересно. Драмата започна кога Џенсон Батон кој во моментот ја имаше третата позиција, влезе во боксот но механичарот задолжен за десното предно тркало успеа да не го заштрафи правилно и Англичанецот излезе на патеката практично со едната гума надвор од бандашот. Нормално, веднаш застана и замина надвор од патеката.

Потоа Вебер го нападна Хамилтон, којшто пак доби информација од неговиот тим дека горивото му е при крај и ќе мора да ја штеди педалата за гас. Од тимот на Редбул пак, на Вебер му јавија дека може да е блеф поспорото возење на Хамилтон и го советуваа да биде претпазлив и да не го претекнува веднаш. Марк сепак направи добра проценка, дека не се работи за никакво блефирање и ја игнорираше тимската порака - го помина Луис во првиот можен момент.

Позицијата на Алонсо не беше загрозена воопшто, но сега се разжести битката за второто место помеѓу Вебер и Фетел, па од тимот на Редбул овој пак мораа да дадат строга наредба, Фетел да го задржи растојанието од половина секунда коешто го имаше и забранија претекнување. Веројатно тоа беше и тоа како добра одлука, бидејќи адреналинот на двајцата возачи можеше да доведе и двајцата да излетаат од патеката на само еден круг до крајот.

Хамилтон и штедењето на гориво го доведе во позиција да мора да се брани и од Фелипе Маса, којшто на два круга до крајот стигна зад возачот на Мекларен и се обиде да дојде до четвртата позиција. Во последниот свиок Маса нападна, а Хамилтон речиси ја загуби позицијата, па во стилот на Шумахер, којшто силеџиски ги добиваше дуелите со конкурентите, буквално го побутна бразилецот којшто за малку ќе излеташе комплетно од патеката. Сепак, успеа да остане во игра за 10 поени, а Хамилтон успеа да си ја задржи четвртата позиција.

Сè на сè, одлична трка во Велика британија ова попладне.

432615

В.Н. | brkajrabota

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа