Возачот во Формула 1, Роберт Кубица, никако да се опорави од повредата...
До крајот на месецот полскиот возач ќе мора да оди уште на една операција на левата рака, а потоа ќе биде подготвен за интензивна рехабилитација.
Дваесет и шест годишниот Кубица минатата година беше еден од главните фаворити за освојување на титулата, но несреќата на релито во Андора го оддалечи од неа.
Процесот на рехабилитација, но и постепеното враќање зад управувачот се месеци пред него, потврдија неговите доктори кои не сакаа да дадат никакви прогнози за неговото заздравување.
