Американските кошаркари и кошаркарки доминираат на ЛОИ во Рио, а нивните натпревари предизвикаа најголемо интересирање кај бразилската публика, кога станува збор за натпреварувањата во затворен простор.

Кошаркарските мечеви на кои играа Американците беа проследени од над 10.500 посетители по меч. Кошаркарите славеа над Венецуела (113-69) и над Кина (119-62), а кошаркарките беа супериорни над Сенегал (121-56) и над Шпанија (103-63).

Бразилските и анголските ракометарки исто така одиграа фантастични натпревари против своите противнички и се без пораз по двете кола. Бразил славеше над актуелниот олимписки првак Норвешка (31-28) и над бронзената од СП, Романија (26-13), а Ангола им зеде мерка на Романките (23-19) и на Црногорките (27-25).

Единствена без пораз од европските селекции е Русија, која во двата меча славеше над Ј. Кореја (30-25) и над Франција (26-25).

Од друга страна пак одбојкарките на Бразил и на Русија во групата А и Србија и САД во групата Б рушат се пред себе. Бразил славеше над Камерун и над Аргентина со по 3-0, а Русија ги совлада Аргентина (3-0) и Ј. Кореја (3-1).

Србија беше подобра од Италија и Порторико (со по 3-0), а САД триумфира над Холандија (3-2) и над Порторико (3-0). Кај одбојкарите изненадување беше стартната победа на Канада над американскиот тим со 3-0. Канаѓаните по 24-годишна пауза се дел од ЛОИ.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа