Хрватите освоија вкупно 10 медали од кои дури пет беа златни, додека спортистите на Србија се вратија со осум медали од ЛОИ во Рио.

Заслужено со овации, песни, скандирање и восхит беа пречекани спортистите на Хрватска и Србија по завршувањето на Летните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро.

За разлика од еуфоријата која вчера и денеска се создава во Хрватска и Србија, нашитеспортисти тивко, се вратија во Македонија.

Прославената тераса на Домот на народното собрание, каде што пристигнуваат спортистите во Белград, вчера вечерта повторно беше полна. Таму беа спортистите кои приредија радост на навивачите во оваа земја, во изминативе две недели, во Рио.

Најголеми овации добија кошаркарите, кои се вратија со сребрениот медал, откако во финалето сепак не можеа да им парираат на НБА ѕвездите на САД а со громогласен аплауз беа дочекани и одбојкарките кои исто така беа сребрени, како и сите останати кои освоија медали.

Убав дочек имаше и за хрватските херои. Дури пет златни одличја блеснаа за „коцкестите“, што ги прави најтрофејна нација во регионот. Сите медалисти беа дочекани со големи почести, а посебно импресивно беше како беше дочекана Сара Колак која изненадувачки стана олимписка шампионска во фрлање копје.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа