Грин Беј Пекерс ги победија Питсбург Стилерс во Супербол финалето во Арлингтон, Тексас со 31-25.

packers-01

За најдобар играч на теренот, заслужено беше прогласен квотербекот на Пекерси, Арон Роџерс којшто прецизно фрли трипати за три тачдауни на својот тим. Речиси до самиот крај на втората четвртина тие веќе водеа со 21-3, но Стилерс се вратија и брзо по почетокот на третата четвртина намалија на само 4 разлика, а во еден момент резултатот беше и 28-25. 

packers-02

Сепак, Грин Беј издржа во последните две минути откако го реализираше шутот и зголеми на 31-25. Натпреварот така и заврши. За Грин Беј ова е четврта титула.

packers-03

Секако, Америка не би била земјата на шоу бизнисот, ако исто толку големо внимание како и натпреварот не привлечеа и нејзините реклами на паузата помеѓу двете полувремиња. За некои од нив и ние веќе објавувавме.  

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа