gototop
Азизулашни Аванг е малезиски велосипедист којшто две години по ред е во самиот врв во својот спорт, велосипедизам на писта. Завчера тој падна на патеката во Манчестер, но не се откажа од трката, напротив, стана и продолжи да вози.

azizulhasni-01

На крајот на трката, иако парчосан од страотниот пад бидејќи овие велосипеди се движат со огромна брзина, тој стана и ја продолжи трката. Стигна трет на целта, а веднаш потоа застана и речиси се онесвести. Кога докторите притрчаа се забележа дека „колец“ се забил директно во неговиот лист на левата нога.

Парчето дрво со должина од околу 20 сантиметри се откачило од паркетот при падот и го прободело велосипедистот, но спортската желба очигледно била многу, многу појака од едно „дрвце“.

azizulhasni-03

Секоја му чест на Аванг, не ги раѓаат веќе вакви спортистите. Вистински Спартанец.

azizulhasni-02

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email