Кирил Лазаров и оваа година е номиниран за најдобар десен бек во светот, во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен веб медиум „Planet-handball“. Капитенот на нашата репрезентација минува уште една импресивна година и е фаворит за освојување на признанието.

Конкуренти на Лазаров му се Алекс Душебаев кој до јуни настапуваше за Вардар и стана европски првак, Недим Ремили и Ласло Наџи. Лазаров во годината којашто изминува беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција, во јануари годинава, а како прв стрелец ги заврши и европските квалификации за Европското првенство во Хрватска.

Десниот бек ја освои „Асобал“ лигата, Купот на Кралот, Асобал“ Купот и Асобал“ Суперкупот, а со Барселона играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите за подоцна да го освои четвртото место.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа