Денес точно на пладне со тричасовната церемонија беа отворени Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг. Се предвидуваат поларни температури и на самото отворање, па секој гледач или учесник ќе добие сет од ќебе, капа, и навивачки реквизити. Американците одлучија да се затоплуваат на батерии.

Како што е претходно најавено, на зимската Олимпијада ќе учествуваат 2.952 спортисти од 92 земји од светот, кои пак ќе се натпреваруваат во седум спортови, 15 дисциплини и на кои ќе има вкупно 102 натпреварувања. Церемонијата во Пјонгчанг започна со голем огномет, после што на сцената стапија изведувачи со перформанс на боречки вештини, а после тоа е претставено и културното наследство на Јужна Кореја, традицијата, историјата...

Јужна Кореја ќе биде домаќин на Олимписки игри вторпат, откако во Сеул во 1988 година се одржаа Летните Олимписки игри. Северна Кореја ќе учествува со 22 спортисти, а женскиот тим во хокеј на мраз ќе настапи во заеднички тим со Јужна Кореја.

Македонија ќе учествува со тројца спортисти: Ставре Јада, Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски.

Традиционално, парадата на нациите на Олимпискиот стадион ја предводеа олимпијците од грција. Инаку на овие 23. по ред олимписки игри, ќе дебитираат и шест членки на Меѓународниот олимписки комитет: Еритреја, Еквадор, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа