Капитенот на нашата репрезентација во победата над Словенија влезе во историјата на Европските првенства како најефикасен играч на едно ЕП на сите времиња. Сепак, по средбата тој не зборуваше за тоа, туку за тимскиот успех.

borko_i_kire

Некој можеби ќе помисли дека овој турнир ќе го завршиме со многу каење за пропуштените шанси да се најдеме во полуфиналето. Сепак, не се каеме за ништо затоа што дадовме се’ од себе на секој натпревар.

Убеден сум дека можеме да обезбедиме пласман на Олимписките игри во Лондон оваа година доколку одиграме на исто ниво како ова и на квалификацискиот турнир.

Единственото нешто за кое јас лично се каам е тоа што не можевме константно да бидеме дел од големата ракометна сцена изминативе 10 години, зошто доколку бевме, можеби ќе остваревме и поголем успех од овој. Пресреќен сум поради фактот дека Борко Ристовски бранеше одлично денеска и ни ја сочува победата, пред се’ затоа што тој е најхрабриот играч во овој тим и мој многу драг пријател“ - рече веднаш по средбата нашиот капитен.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа