
Вечерва во 19 часот металурзите предводени од Лино Червар ќе му се спротивстават на хрватскиот клуб Нексе кој што моментално е на петтото место на табелата. Оние кои што го следат ракометот ќе се потсетат дека првиот дуел меѓу овие две екипи во Скопје заврши без победник, односно 26:26.
Прв во регионалната лига е Загреб со освоени 38 бодови, пред Вардар Про со 35 и Татран Прешов со 28. Металург се наоѓа на четвртото место на табелата со 27 бодови, но поради обврските во Лигата на шампионите има одиграно дури четири натпревари помалку од водечката двојка.
Интересно е и тоа што Металург е единствениот тим во СЕХА лигата кој што нема пораз. Се надеваме дека така и ќе остане и по вечерашниот натпревар.
И.К | бркај работа
