
Доколку црвено-црните победат вечерва, иако Загреб има натпревар помалку, ќе избијат на чело на табелата, што се надеваме дека ќе им даде мотив за понатамошни успеси.
Шампионот Металург пак, утре во 18:00 во Автокоманда ќе го пречека Борац кој ја држи шестата позиција во лигата со освоени 23 бодови од 15 одриграни натпревари. Ние очекуваме уште една победа на нашиот Шампион.
Табелата во СЕХА лигата изгледа вака:
1. Загреб - 38 бодови (15 натпревари)
2. Вардар Про - 38 (16)
3. Металург - 30 (13)
4. Нексе - 30 (16)
5. Татран Прешов - 28 (14)
6. Борац - 23 (15)
7. Ловќен - 21 (15)
8. Металопластика - 14 (14)
9. Босна - 10 (10)
10. Извиѓач - 7 (15)
11. Сутјеска - 4 (14)
12. Црвена Ѕвезда - 3 (13)
И.К | бркај работа
