Ракометната репрезентација на Швајцарија е третиот ривал на Македонија во квалификациите за Европското првенство што 2014 година ќе се одржи во Данска.

Квалификации за ЕП 2014: Група по мерка за ракометарите

Швајцарците на синоќа завршените натпревари во групата во Бари од првата квалификациска фаза го освоија првото место, пред Италија, Грција и Велика Британија.

Покрај Швајцарија пласман во втората фаза од квалификациите како првопласирани изборија уште репрезентациите на Романија, Украина и Турција, додека како две најдобро второпласирани од четирите групи пласман изборија Летонија и Израел.

Според тоа составот на седумте групи од втората фаза квалификации е следниот:

Група „1“: Шпанија, Македонија, Португалија, Швајцарија.

Група „2“: Германија, Чешка, Црна Гора, Израел.

Група „3“: Франција, Норвешка, Литванија, Турција.

Група „4“: Хрватска, Унгарија, Словачка, Летонија.

Група „5“: Полска, Шведска, Холандија, Украина.

Група „6“: Исланд, Словенија, Белорусија, Романија.

Група „7“: Србија, Австрија, Русија, Босна и Херцеговина.

Пласман на ЕП покрај Данска (домаќин и европски шампион) ќе изборат двете првопласирани селекции и најдобрата третопласирана репрезентација (но сметајќи ги само резултатите со двете првопласирани).

Натпреварите од првото коло од квалификациите ќе се играат на 31 октомври или 1 ноември. Македонија на стартот игра на домашен терен токму со Швајцарија.

ВИП - пријател на македонската ракометна репрезентавција            
Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа