Македонија заврши со катастрофален пораз од Шпанија со 20-31, но и натаму со две победи има шанси за полуфинале на Европското првенство. По натпреварот Борко Ристовски, кој беше одличен и собра седум одбрани во првиот дел даде свое водување на дуелот.

- Шпанија одигра меч кој ја лимитира нашата игра и го искористи нашето недовлно искуство. Во спротивно нивниот напад беше фантастичен, а во одбраната нè изненадија. Многу се залетавме по успесите во Загреб, па Шпанија нè спушти на земја. Тоа е цената кога во тимот немате доволно искуство. Се на се повеќе од заслужена победа на Шпанците - вели Борко.

Македонија следниот меч во Вараждин го игра за два дена против селекцијата на Чешка. Пак организаторот ни го додели вечерниот термин од 20.30 часот и пак на трибините ќе бидат присутни повеќе македонски навивачи.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа