Европската ракометна федерација преку својот официјален Твитер профил ја соопшти лошата вест поврзана за Кирил Лазаров и Германецот Пол Друкс, а ова секако ќе биде голем удар за македонската ракометна репрезентација, особено во пресрет на двата клучни дуели со Чешка и Данска.

Раул беше голем песимист уште синоќа и порача дека повредата на Киро е навистина голем удар за него со оглед на тоа што речиси цела игра е заснована врз него како главен организатор, а шпанскиот стручњак сигурно ќе даде подетални информации за оваа лоша вест на денешната прес-конференцијата која е закажана за во 19:00 часот во Вараждин.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа