Пред натпреварот на репрезентациите на Чешка и Македонија, селекторскиот тандем на нашиот противник направи неочекувана замена, повикувајќи уште еден кружен напаѓач.

Јан Филип и Даниел Кубес го добија како засилување и Петр Шлахта, ракометар на Зубри, кон останатите два кружни напаѓачи Земан и Петровски.

- Ќе ја засилиме играта на линијата пред клучниот меч со Македонија. Петр ќе ни даде вредност повеќе. Земан и Петровски остануваат, а Шлахта само дополнително ќе нè засили - изјави Јан Филип за официјалната веб страница на чешката ракометна федерација.

И Раул Гонзалез го пријави истиот состав од мечот со Шпанија и за вечерашниот дуел со Чешка, па капитенот Кире Лазаров се најде во тимот. Одлуката околу неговиот настап ќе ја донесе стручниот штаб со консултација со медицинскиот тим непосредно пред вечерашниот дуел.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа