Одличната игра во одбрана беше клучот за успехот на Шпанија во финалето на ракометното ЕП во Хрватска каде Шведска едноставно не можеше да се справи со ваквиот начин на дефанзива и расположениот Штербик во второто полувреме.

Шпанската селекција стигна до толку посакуваниот прв златен медал од европските првенства, откако досега дури четири пати губеше во финалните натпревари.

Воедно ова е 13-ти медал од големите натпреварувања за „фуријата“, серијата почна на ЕП во 1996 година кога Шпанците беа сребрени, а 22 години подоцна го освоија и првото злато.

Она што е многу важно за селекцијата на Жорди Рибера е што обезбеди директен пласман на следното Светско првенство кое следната 2019 година ќе се одржи во Данска и Германија, како и на Европското првенство во 2020 година кое ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Шведска и ќе биде прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа