Иако дури 319 недели беше на првото место, американската тенисерка Серена Вилијамс од вчера исчезна од на ВТА листата.

Откако пред точно една година триумфираше на Австралија Опен и ја освои 23. Гренд слем титула, таа замина на пауза бидејќи беше бремена и се породи во септември. Минатата година ја заврши на 22. место, но бидејќи една година не играла, сега сите поени и се избришани и таа почнува од почеток.

На терените треба да се врати во рамките на Фед купот во кој САД играат против Холандија, а во ВТА турот ќе заигра во март на Индијан Велс.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа