Vip
По Рафаел Надал, и Федерер ги заврши натпреварите во Монтреал. Џо Вилфред Цонга го победи во рамките на третото коло.

federer-lost-to-tsonga-again

Интересно е тоа што ова е втора победа по ред за Цонга во дуел со големиот Федерер. Последен пат овие двајца се сретнаа на Вимболдон, а французинот и таму беше поуспешен.

„Ме победи на Вимболдон... не знам зошто ова би било изненадување“ - одговори Швајцарецот на новинарското прашање - дали е ова изненадување за него.

Турнирот во Монтреал е загревање за големите ѕвезди пред важниот US Open, којшто се одржува за еден месец, па коментарот и на Цонга е во тој правец.

„Се чувствувам добро ментално, но Њујорк е дури за еден месец, а тоа е далеку“.

Од фаворитите, сè уште се држи Ѓоковиќ кој во последното коло го победи Чилиќ, а во вториот српско-хрватски дуел, Типсаревиќ - Додиг, исто така подобар беше Србинот, Јанко Типсаревиќ којшто победи со 6-1 и 6-4.

Кај девојките, Роберта Винчи по подарената победа од Возњацки, се покажа одлично против Ана Ивановиќ и го продолжи својот престој во Монтреал. Серена Вилијамс пак, се спасуваше по загубениот прв сет од Кинескињата Женг, за да победи со 2-1 во сетови, 4-6, 6-3 и 6-3.

В.Н | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila