Фејсбук почнува со продажба на акции на берзата NASDAQ нешто по 17 часот денес по наше време. Акциите се отворени за јавноста и чинат 38 долари по акција.
Ахерк се вика страницата којашто Рафаел Калдас ја создал за да се уценува самиот себе. Интернет страницата служи за „автоуцена“, односно за полесно остварување на целите коишто сме си ги зацртале.
Диабло 3 беше официјално пуштена вчера, па некои Корејци веднаш се фатиле за „работа“. Тие на еден корејски сервер ја завршија играта за седум часа, притоа елиминирајќи го и последниот бос.
Шпекулациите се сè погласни, а вљубениците во производите на Епл сè понестрпливи. Ајпад со дојагонала од седум инчи би требало да се појави на пазарот во октомври оваа година, со цена помеѓу 200 и 250 долари.
Каков генијален дизајн... Вазна каква што не сте виделе до сега. Холандското дизајн студио Cottage Industry ја продава оваа вазничка која е малку или малку повеќе различна од сите други вазни за цвеќиња што сте ги виделе во животот.
Историчарите и научниците од универзитетот Стенфорд направиле интерактивна мапа наречена ORBIS која покажува колку долго и скапо било патувањето за луѓето (и храната) помеѓу градовите во Римската империја.
Како се добиваат еден куп нови понуди за пријателство и претплатници? Правиш лажна фотографија на која велиш дека ако ти кликнат лајк ќе можеш да видиш кој ти го гледа профилот и се полниш со покани.
Видео од 1945 на коешто е прикажано како се прави еден велосипед. Всушност се работи за домунетарец кој до детали ги прикажува сите ситници за изработката на еден велосипед веднаш по втората светска војна.