gototop

Дизајн

grass-photos-thumbСме виделе портрети од зборови, од трзалици за гитара, портрети на тостови па дури од молотови коктели, ама вакво нешто - не сме виделе.

vazna-diopter-thumbКаков генијален дизајн... Вазна каква што не сте виделе до сега. Холандското дизајн студио Cottage Industry ја продава оваа вазничка која е малку или малку повеќе различна од сите други вазни за цвеќиња што сте ги виделе во животот.

Прекрасно: Црква со ѕидови прекриени со треваБританските уметници Хедер Акројд и Ден Харви неодамна целосно трансформирале една позната црква во Југоисточен Лондон прекривајќи ги внатрешните ѕидови со вистинска трева. Да, вистинска, жива трева.

cocoon-house-thumbКорејското архитектонско студио Planning Korea го направило овој проект наречен „Куќа - кожурец“. Куќата се наоѓа на еден вулкански остров во Јужна Кореја кој се вика Жежу, а архитектите биле инспирирани од инсектите кои живеат во кожурци, очигледно е според името, нели?

badboot-thumbТимот на архитектонското студио Скалп-ИТ или „Sculp(IT)“ во оригинал, добило задача од градот Антверпен во Белгија да направи сплав на реката Шелда. Единствените услови кои им биле поставени е да има ресторан и декоративно базенче, со тоа што базенот нема да зафаќа површина поголема од 120 на 25 метри.

graffiti-cafe-02Графити кафè се наоѓа во Варна, Бугарија и е кафуле кое со својот дизајн го привлече вниманието на многу светски архитекти и дизајнери. Не затоа што е револуционерно, туку затоа што изгледа проклето добро.

portabl-lambi-thumbСтолните ламби се наменети да стојат на едно место. Но понекогаш едноставно ни треба светло токму онаму каде што ниту ѕидните светилки, ниту столните ламби не допираат.

wood-cast-thumbЗа разлика од нас, западот нема село и триношци на кои се јаде ајвар сирење и топол од фурна изваден леб. За убавината на храната никој не може да им помогне, но за доловување на рустикалноста и искористувањето на природата на оригинален начин, помага израелската дизајнерка Хила Шамија, која ги направила овие парчиња мебел.

mobilna-spalna-thumbМобилна спална соба. Тоа е оваа коцка во која има душек за спиење и може да се намести во кој дел од станот сакате. Можете дури да ја ставите на тераса или да ја изнесете надвор.

klinci-thumbНекои нови клинци на пазарот. Јапонскиот веб сајт Трико ги продава овие клинчиња коишто се малку поразлични од она што сме навикнати да го замислуваме кога некој ќе спомне клинец.

Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email