bannerbr rev12

 najgolemata-zgrada

Кога ќе слушнете „најголема зграда“, веднаш ве асоцира на некој облакодер. Но овој пат, не се работи за ултра-висока зграда, туку за зграда која не е многу висока, но затоа е многу голема по површина.

Во главниот град на кинеската провинција Сичуан, Ченгду изградена е најголемата зграда во светот. Името на оваа огромна зграда е Century Global Center. Со вкупна должина од 500 метри, ширина од 400 метри и висина од 100 метри, оваа структура со површина од 1,7 милиони квадратни метри во себе може да смести 20 сиднејски опери. Таа е и три пати поголема од зградата на Пентагон во Вашингтон.

Центарот е отворен на 28 јуни и во него се сместени деловни канцеларии, хотели, театри, трговски центар, па дури има и имитација на медитеранско село и воден парк.

Што следно ќе направат кинезите?

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

white-explosion

milenium

baner-ceca