Славниот бренд познат по производството на мобилни телефони, Нокиа продаде дел од своите акции на Microsoft поточно делот задолжен за мобилните телефони, па компанијата остана да функционира посебно и после тоа.

nokian.1

Делот од компанијата што не премина во Microsoft планира да продолжи да функционира, дури можеби и подобро од претходно. Тоа е така поради одлуката на менаџментот пред продажбата да работи ексклузивно со Microsoft и Windows Phone, па многу се прашуваа, вклучувајќи ги и луѓето во компанијата, дали ќе беше подобро доколку паметните телефони го користеа и Android оперативниот систем.

nokian.1

Компанијата денеска го престави новиот таблет Nokia N1, кој наизглед многу потсеќа на iPad Mini по својот дизајн, но секако, место на iOS тој работи на новата верзија од Андроид 5.0 (Lollipop).

На предната страна има екран од 7,9 инчи со резолуција од 2048х1536 пиксели која овозможува 4:3 сооднос на екранот. Во себе има четиријадрен процесот Intel Atom 64-bit Z3580 која работи на брзина од 2,3 GHz, 2 ГБ LP DDR3 RAM меморија, како и 32 ГБ внатрешна меморија без можност за надополнување со надворешна.

nokian.1

Доаѓа со 5.300 мАч батерија што веруваме дека ќе биде доволно за редовно користење во текот на денот. Целиот таблет е дебел само 6,9 мм што е помалку и од iPad Mini.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium