"GoPro" во 2016-та влегува на пазарот за дронови. Кога веќе произведуваат професиоални камери кои се користат на дронови зошто да не понудат и сопствени дронови.

Ник Вудман, првиот човек на компанијата, на Code Conference најави дека развиваат сопствено летало кое би требало да се најде во продажба во текот на 2016 година.

Тој засега не ги откри деталите за цената, но истакна дека GoPro е фирма која се фокусира на корисниците, па логично е да биде во ценовната група на DJI и Parrot.

Исто така, тој соопшти дека овозможувањето на корисниците да летаат со своите камери ја буди фантазијата, и не е тешко да се замисли дека многу корисници ќе купуваат разни додатоци за дронот. 

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium