Претседателот на технолошкиот гигант на вчерашната конференција во Сан Франциско официјално го објави излегувањето на долгоочекуваниот iPhone 6S, заедно со поголемиот iPhone 6S Plus.

Apple освен новата генерација на iPhone ги претстави новитетите на Apple Watch, а не заборави да се пофали дека купувачите и корисниците во 97 % се задоволни од овој производ и покрај поинаквото тврдење на конкуренциајта.

Сепак најважната новина беше големиот 12,9 инчен iPad Pro, како и новитетите поврзани со Apple TV.

Новиот iPad доаѓа со дополнителна тастатура, кој изгледа дека ќе им биде конкурент на класичните лаптопи, со што би требало да ги привлече обичните корисници.

Неговата цена изнесува 799 долари, а ако сакате дополнителна тастатура и пенкалце, цената надминува 1000 долари.

Новиот таблет ќе го движи A9X процесор, а од Apple тврди дека уредот е до 80 проценти побрз од стандардните преносни компјутери, a има графички перформанси на рангот на конзолите за играње и персоналните компјутери.

Тој има дебелина од само 6,9 милиметри, а со едно полнење батеријата може да издржи 10 часа.

iPhone 6S и 6S Plus на Apple немаат многу новитети. Екраните доаѓаат со иста димензија ­ 4,7 и 5,5 инчи, а кај новите модели може да се издвојат три битни работи: процесорот и графиката се многу повеќе моќни во споредба со претходните модели, т.е. процесорот е за 80 проценти побрз, а графичката картичка е за 90 отсто побрза. Подобрувања доби и iSight камерата со 12 мегапиксели. Покрај подобриот квалитет на сликата, камерата ќе фокусира побрзо и попрецизно, а овозможено е и снимањето на видеа со 4K резолуција.

Третиот новитет на Apple е 3D Touch технологијата, која препознава јачина на притискање на дисплејот. Таа е слична на Force Touch кај Apple Watch каде корисникот може да го притиска дисплејот со малку повеќе притисок и да добие уште неколку функционалности како кај самиот iOS, така и внатре во самите апликации.

Тим Кук го претстави и новиот Apple TV и додаде дека иднината на овој уред е во моќниот хардвер, моќниот оперативен систем, врвното корисничко искуство и апликациите.

Smart часовникот на Apple доби поголем избор на апликации, а меѓу новите се и Facebook Messenger, GoPro, iTranslate и AirStrip One.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа