PlayStation го возвраќа ударот на Xbox One, кој Microsoft го зададе со пуштањето на можноста за стриминг на игрите на компјутер со Windows 10 и соработката со Oculus Rift.

Sony  развил свој систем за виртуелна реалност кој е подготвен за употреба, а јапонскиот гигант ги покажа и првите игри.

Уредот за виртуелна реалност на Sony наликува на сите други вакви уреди досега, но има малку пофутуристички дизајн со LED осветлување, како што се очекува од еден продукт наменет за гејмерите. PlayStation VR нема да може да работи сам за себе, па за да играте игри на виртуелна реалност сепак ќе треба да имате PlayStation 4 конзола. 

play.1

Засега, иако игрите се и натаму демо верзии со самото тоа што Sony со брендот PlayStation најави лансирање на продуктот заедно со игрите е најава за голема промена во светот на гејмингот, односно дефинитивното исчекорување во светот на виртуелната реалност.

Подолу и неколку трејлери од игрите најавени за PlayStation VR:

100ft Robot Golf

Eagle Flight

Golem

The Modern Zombie Taxi Co.

Job Simulator

milenium-baner