Vip

Компанијата Kingston го претстави својот USB стик во кој што може да се сместат 70 часови на видео материјал снимен во 4К резолуција односно 2 терабајти меморија.

Целосното име на стикот е DataTraveler Ultimate GT при што кратенката GT во името значи Generation Terabyte.

- Ние во Kingston ги поместуваме границите на возможното - коментираа од оваа компанија при претставувањето на USB стикот кој што ќе биде пуштен во продажба во текот на следниот месец и тоа во две верзии – една со 1 терабајт и другата со дури 2 терабајти меморија, што значи дека сопствениците на овој USB стик во џеб ќе можат да носат и до 70 часа видео материјал снимен со 4К резолуција.

Димензиите на DataTraveler Ultimate GT USB стикот на Kingston изнсуваат 72мм х 26,94мм х 21мм, работи на температура од -25 до 60 степени Целзиусови, а со оглед на тоа што станува збор за USB 3.1 уред, за поврзување со модерните преносни компјутери кои што имаат само USB-C приклучок, ќе биде потребен посебен адаптер.

Купувачите на DataTraveler Ultimate GT USB стикот ќе добијат гаранција од 5 години а тоа што најмногу ги интересира луѓето, цената, засега не е позната.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila