Американската компанијата Razer наголемо работи на проектот Project Valerie – лаптоп со цели три екрани.

Секој од дисплеите е со 17,3-инчна дијагонала и 4K резолуција. Ова ја прави заедничката резолуција на мониторите 11520х2160, или како што Razer ја нарекува 12K. Екраните се ставени на моторизирани рамки, откако страничните се скриени под основниот, во затворена положба на лаптопот. Можат и да се користат како еден монитор без да се рашират. Со притискање на копчето на тастатурата, може да се рашират. Лаптопот ќе се потпира на видео картичка Nvidia GTX 1080, која поддржува 4K игри и VR очила.

Дополнителните два екрана плус и сериозниот хардвер значат дека лаптопот ќе биде голем. Според компанијата, сепак, тој ќе може да биде не поголем од стандарден 17-инчен гејмерски лаптоп или околу 3.8 см со тежина меѓу 4.5 кг. и 5.5 кг. Прототип на моделот беше прикажан уште на саемот CES 2017.

Тогаш лаптопот имаше 8GB RAM само на видео картичка, 32GB системска RAM и течно ладење.

Засега Razer вели дека лаптопот е се уште концепт. Компанијата сепак има навика да претвора некои од концептуалните прототипови во реалност. Може и да ѝ се наложи да го направи тоа, бидејќи интересот е доста голем и дури два од изложените за време на CES модели биле украдени. Подоцна еден од нив се појави за продажба во кинеска онлајн аукција за речиси 22.000 долари.

Сепак компанијата се чини продолжува да работи на проектот, бидејќи тој се уште е меѓу останатите производи на нејзиниот сајт. Или барем такви се надежите на нејзините фанови кои прашуваат во нејзиниот форум што ќе се случи и иако не добиваат потврда, не добиваат и негативен одговор за иднината на Project Valerie.

milenium-baner