Компанијата „Hanson Robotics“ од Хонгконг дизајнираше интелигентен робот што наликува на Одри Хепберн и доби државјанство од Саудиска Арабија. Роботот Софија со вештачка интелигенција е направен за еден ден да им служи на луѓето како личен асистент.

Креатор на роботот е Дејвид Хенсон, основач на „Hanson Robotics“, човекот кој целата своја кариера ја посвети да направи робот со емоции и кој може сам да размислува, и чија цел е да ги научи роботите на креативност и емпатија, човечки особини што се неопходни за да не се доживуваат роботите како машини.

Софија моментално е на светска турнеја на која ги покажува нејзините способности за интеракција со експерти, обични луѓе и со медиумите.

Па во рамки на тоа новинари на „ Business Insider“ се сретнаа со Софија на прес-конференција во Лисабон каде ги тестираа нејзините способности за комуникација.

Во еден од претходните разговори со Софија, кога нејзиниот „татко“ Дејвид ја праша дали сака да ги уништи луѓето, Софија рече: „Ок, ќе ги уништам луѓето.“

Меѓутоа сега ги ублажи нејзините ставови и на прашањето „Дали ги сакаш луѓето?“, таа прво делуваше изненадено, а потоа рече: „Ги сакам“.

На прашањето зошто ги сака луѓето, таа одговори дека „уште не знае“ и имаше израз на лицето како навистина да размислува за тоа.

Погледнете како изгледаше целиот раговор...

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа