Материјал кој што го создадоа научниците на Сити Универзитетот од Њујоршкиот напреден истражувачки центар е тенок како алуминиумска фолија, но станува неверојатно цврст кога ќе се најде под удар на сила.

Истражувачите користеле графен за да создадат материјал кој што е исклучително лесен, но истовремено и отпорен на куршуми. Материјалот со име „Дијамин“ се состои од два листа на графен - неодамна развиениот „чудесен материјал“ кој што е до 200 пати посилен и од најсилниот челик.

- Замислете материјал кој е флексибилен и лесен како фолија, но станува цврст и доволно тврд за да сопре куршум при ударот - велат научниците од истражувачкиот центар.

Во новобјавената работа во Природната нанотехнологија, истражувачите од Сити Универзитетот во Њујорк го опишуваат процесот на создавање на материјалот - флексибилни, слоевити листови на графен кои што привремено стануваат потврди од самиот дијамант и се непробојни при силен удар.

Доколку производството на материјалот „Дијамин“ стане доволно пристапно, не е тешко да се замисли дека овој материјал може да спаси илјадници животи, посебно оние на полицајците и војниците.

Овој материјал исто така би бил од непроценлива вредност и во авио-индустријата, посебно кога се во прашање борбените авиони.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium