На својот настан „First Look“, дел од изложбата „CES“ во Лас Вегас, компанијата „Samsung“ презентираше нов 146-инчен телевизор кој беше претставен како „The Wall“.

Модуларниот уред ги вклучува сите најнови технологии на корејскиот гигант и се базира на „MicroLED“ технологијата. Телевизорот е составен од минијатурни „LED“ светла со размер од микрометар. Овој пристап ќе биде основа за премиум телевизорите на „Samsung“ во иднина, а корејскиот гигант веќе не е заинтересиран за „OLED“ решенија за телевизискиот бизнис.

Но „MicroLED“ има допирни точки со „OLED“ технологијата бидејќи диодите испуштаат сопствено светло и на уредите не им треба задно осветлување. Во исто време, панелите нудат заситена црна боја и висок контраст кој е блиску до оној на „OLED“ решенијата, а исто така тие се потенки и полесни за производство.

„The Wall“ е првиот модуларен телевизор кој се базира на „MicroLED“ технологијата. Модуларната конструкција и недостатокот на рамки им овозможуваат на сопствениците динамички да ја менуваат дијагоналата на екранот и да го користат за различни цели.

До овој момент од „Samsung“ не објавија колку точно модули ќе содржи комерцијалната верзија на „The Wall“ и дури си ја заштедија оваа информација за демо моделот на „CES“, а повеќе детали се очекуваат во текот на пролетта, кога ќе започнат и продажбите.

Цената на уредот сѐ уште не е позната, но сигурно нема да биде ниска.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium