
Се вика Number Pad Film for Touchpad и покрај ваквото име е навистина паметен гаџет + програма што овозможува и корисниците на лаптопи без нумеричка тастатура да работат со бројки.
Тенкиот пластичен филм се поставува преку тач падот, а соодветниот софтвер препознава кога типкате на виртуалните бројки. Алтернативниот „Num pad“ се активира со „hotkey“ и можете веднаш да почнете со пресметките. следното притискање на „hotkey“-то Ви го враќа обичниот „touch pad“.

Критичарите веднаш ќе речат дека виртуелната тастатура нема исто чувство како кога типкате на вистинска тастатура, но денес сè повеќе луѓе имаат паметни телефони и горе-долу се навикнати на touch тастатурите.

И.К | бркај работа
