LG го претстави својот нов LTE уред, Optimus Vu. Покрај поддршката за LTE мрежи уредот има и IPS екран, но она по што се разликува од другите е размерот на страниците од 4:3.

LG Optimus Vu: И таблет и паметен телефон

Уредот го „придвижува“ моќен двојадрен процесор од 1,5 GHz, а има и 32 GB внатрешна меморија, како и батерија со капацитет од 2080 mAh. Од LG велат дека на овој пет инчен екран, читањето книги и документи или сурфањето е многу полесно и многу попријатно. Освен со прсти, запишувањето е можно и со пенкалото кое оди со уредот.

LG Optimus Vu: И таблет и паметен телефон

Овој паметен телефон ќе се појави на корејскиот пазар во март, а ќе биде изложен и на MWC саемот во Барселона.

LG Optimus Vu: И таблет и паметен телефон

Накратко ова се неговите карактеристики:

Процесор: 1.5GHz Dual-Core
Екран: 5-inch (1024x768) IPS
Меморија: 32GB eMMC и 1GB DDR2

Камера: 8MP s AF LED Flash (задна) и 1.3MP (предна)
Оперативен систем: Android 2.3 Gingerbread
Батерија: 2080mAh
Димензии: 139.6 x 90.4 x 8.5mm

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner