Apple се познати по својот карактеристичен дизајн, кој се провлекува низ сите производи на компанијата, со што сите производи се лесно препознатливи, и без да се види логото. Но дали е тоа баш оригинален изглед?

Не баш. Главниот дизајнер на Apple, Jonathan Ive има признато дека инспирацијата на своите модели ги црпи од неговиот идол Dieter Rams, кој бил главен дизајнер за производите на фирмата Braun. На фотографиите подоле може да погледнете споредби помеѓу неколку производи на Braun и на Apple. Секако, немало тогаш монитори и паметни телефони, но затоа можело да се земе инспирација од радио или звучници...

Џебното радио од 1958 како да наликува на iPod-от, нели?

braun-1

Површината на позадината на овие 2 производи е иста.

braun-2

Едниот е звучник, другиот е компјутер. Другото е исто.

braun-3

Радио или куќиште? Сеедно.

braun-4

Па добро, софтверот на калкулаторот може да личи...

braun-5

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа