Компанијата Wi-Charge сака да создаде систем за полнење на уреди со користење на инфрацрвената светлина. Инфрацрвената светлина има поголема бранова должина од црвената светлина и е невидлива за човечкото око, но таа пренесува енергија која најчесто ја осеќаме како топлина.

Оваа појава Wi-Charge сака да ја искористи за полнење на мобилни уреди, па дури направиле и демонстрација на овој систем. Идејата е вашиот уред да се полни без вие воопшто да мора да мислите каде да го сместите, да најдете штекер, кабел и полнач.

Интересното е што доста од потребната технологија за употреба на инфрацрвените зраци е развиена бидејќи луѓето веќе долго време ги користат за најразлични употреби.

Електричната енергија преку врската со штекерот се претвора во инфрацрвени зраци од уредот направен од Wi-Charge. Потоа овие зраци се насочуваат до приемник на кој ги претвора повторно во електрична енергија. Ако самиот телефон нема приемник за инфрацрвени зраци, тогаш тој може да се спои со мал уред кој ќе има на себе.

Единствениот проблем со ваквите зраци е што тие се доста слаби и ефикасни ако се директно насочени и поради тоа се прекинуваат кога ќе поминете со некој дел од телото преку нив. Оваа карактеристика пак им овозможува да не создаваат јонизирачко зрачење и да нема скоро никаква опасност тие да ви предизвикаат лоши појави на кожата.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium