Минатата година HP претстави еден интересен концепт – компјутер во форма на ранец подготвен за виртуелна реалност. Денес машината кое го носи името Omen X Compact Desktop конечно е подготвена да излезе на пазарот.

Компјутерот е тенок, лесен и моќен и освен како ранец за VR ќе можете да го користите и како стабилен PC. Последното станува возможно благодарение на претставената денес „докинг станица“ за компјутерот. Самиот приклучок овозможува вклучување на монитор, тастатура и други додатоци, потребни за моментите кога не сакате да ја носите VR станицата на вашиот грб.

Omen X Compact Desktop е опремен со процесор Intel Core i7 од генерацијата Kaby Lake и графичка Nvidia GeForce GTX 1080.

Интересен е изборот на HP да ја продаваат самата конфигурација одделно од ранецот.

Компјутерот ќе има почетна цена 2.499 американски долари, а ранецот со кој ќе ги искористите предностите од првично замислениот концепт, ќе ве чини уште 600 долари.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium