Компанијата Google претстави нова камера која користи вештачка интелигенција, за да ги „улови“ сите ваши лични моменти. Таа се вика Google Clips и автоматски ќе фотографира за вас. Камерата е поставена да снима видео без звук на луѓе и на миленичиња, кои ги познава.

Google Clips во главно е насочена кон родителите и сопствениците на миленичиња, која ќе им овозможи да се фокусираат повеќе на нивните деца и на домашните миленичиња. Интересно, Google Clips ги избегнува сите закони за прислушување. Кога фотоапаратот е вклучен, видеото е без звук, а LED светилката трепка, а тоа значи дека другите се известуваат за присуството на уред за снимање.

Снимките можат да се експортираат како видео, фотографии или GIF фајлови. Google Clips нуди три часа издржливост на батеријата. Се одликува со сензор од 12 мегапиксели и објектив со видно полеод 130 степени. Внатрешната меморија е 16 GB.

Google Clips сега е компатибилен со Google Pixel телефони, iPhone 8 и 8 Plus и Samsung Galaxy S7 и S8, а сликите се пренесуваат од камерата до уредите преку Wi-Fi. Цената е 249 долари.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа