На македонскиот пазар пристигна одличниот монитор на Dell – 23-инчниот UltraSharp U2312HM.. Стилскиот дизајн на новиот Dell UltraSharp монитор може да биде добредојден додаток на ентериерот на секој дом или канцеларија.

dell-ultrsharp-01

Мониторот Dell U2312HM вклучува голем број карактеристики со комфорен дизајн, вклучувајќи лесно движење и лендскејп или портрет ориентација за прелистување на долги билтени или веб-страници. Кога е овозможен текстуалниот режим, екранот автоматски ја прилагодува својата светлина на 150 нити која е погодна за читање текст, овозможувајќи значително намалување на сметките за електрична енергија.

Dell U2312HM користи IPS технологија која овозможува брилијантна резолуција на екранот и неверојатни, живописни бои, со минимална девијација од речиси секој агол. Новиот Dell U2312HM монитор се карактеризира со висок динамички опсег на контрастот од 2.000.000:1. Мониторот, со однос на страните 16:9 и 1920×1080 резолуција, е идеален за гледање на вистинско HD видео.

dell-ultrsharp-04

Dell U2312HM овозможува совршени дисплеи за различни категории на корисници, вклучувајќи и бизнис корисници како архитектонски и графички дизајнери, финансиски аналитичари, здравствени лица и издавачи, фотографи и научници. Мониторот Dell U2312HM е изработен од еколошки материјали, чии LED панели не содржат арсен и жива и чии спецификации ги исполнуваат најновите еколошки стандарди, како што се ENERGY STAR®, EPEAT Gold, TCO Certified Displays 5.2 и CECP.

Техничките спецификации на новиот Dell U2312HM монитор вклучуваат:

• Големина на екран (дијагонала) – 23 инча/58,42 цм
• Максимална резолуција – 1920×1080
• Однос на страните – 16:9
• Агол на гледање (вертикално/хоризонтално) – 178°
• Опсег на контраст – 1,000:1 / 2,000,000:1 (DCR)
• Длабочина на бои: 16.7 милиони бои
• Тип на панел: IPS
• Позадинско осветлување: LED
• Осветлување: 300 нити
• Држач прилагодлив по висина со карактеристики за закосување и вртење
• Конектори – VGA, DVI-D (HDCP), Порт на екран; 4 USB 2.0 порти.

Овој монитор веќе се наоѓа во поголемите компјутерски продавници и ќе ве чини 22.990 денари.

dell-ultrsharp-02

dell-ultrsharp-05

dell-ultrsharp-03

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium